Достапни линкови

Газа: Судири меѓу израелците и палестинците, прв пат по примирјето кое стапи на сила минатата недела


На границата меѓу Израел и Појасот Газа денеска дошло до судири меѓу израелците и палестинците, што е прво прекршување на примирјето, кое стапи во сила во минатата недела. Локалното население слушнало експлозии и престрелка, јавуваат агенциите. Според израелската армија, на границата одекнала експлозија чија цел била изреалска патрола, а телевизијата Ал Арабија јави дека еден војник загинал, а тројца биле повредени. Палестински претставници пак соопштија дека еден палестинец бил убиен.
XS
SM
MD
LG