Достапни линкови

Според експертите сето тоа претставува удар за угледот на земјата


Светското ракометно првенство во Хрватска е проследено со хулигански испади и со националистичка еуфорија, подгрејувани од различни интересни и политички групи. Сето тоа претставува удар за угледот на Хрватска во светот, велат експертите.

Палењето на српското знаме, претепувањето со безбол палка на еден македонски навивач, лажни јавувања за поставени бомби, за повеќето хрватски медиуми се ситни работи што се случуваат во, како што велат, преубавата атмосфера на Светското ракометно првенство што се одржува во повеќе хрватски градови. Социлогот Дражен Лалиќ потсетува дека создавањето националистичка еуфорија преку спортот е добро потврдена метода со која разни интересни групи преку патриотизмот ги замаглуваат нивните вистински интереси:

На тоа се вклучуваат и одделни делови од општетството, како градоначалниците со своите одлуки или со молчење, како и повеќето медиуми кои ништо не говорат, па атмосферата на насилство и манипулација добива атрибут на нешто нормално.

Најмногу инциденти се случија во Задар, а се почна со одлуката на градоначалникот да се симнат сите знамиња на учесниците на првентсвото бидејќи меѓу нив било и српското кое ги иритирало граѓаните. Задраскиот професот Винко Срхој својот град го дефинира како последен хрватски бастион на Туѓманизмот со завидно количество националистичка тесноградост која не прави разлика меѓу агресорот врз Хрватска, службените симболи на една држава, спортот и политиката.

Мислам дека всушност најголема специфична тежина има политичкиот потег на градоначалникот на Задар кој ги сима знамињата и со тоа преку власта, ги легитимира потезите на хулиганите.

Најмногу загрижувачко за повеќето аналитичари е тоа што ваквите тепачки и провокаци се случуваат тринаесет години по официјалното склучување на мирот и на една манифестација која треба да ги промовира спортот и ферплејот. Тоа, како што вели Александа Попов од Игманската инцијатива, само зборува дека општетствените елити не сториле доволно за санирање на психолошките последици од војните.

Најлесно е да се седне на некоја маса и да се обноват меѓудржавните односи. Но треба многу да се работи на делот на односот на јавноста спрема тоа. Нашите влади ништо не правеа за тој дел од приказната.

Со ова мислење се согласува и културологот Ратко Божовиќ кој додава дека исполитизираната стварност на просторот на поранешна Југославија најмногу влијалела врз младите насобрани во навивачки групи:

Всушност. Тоа се конфликти на празнини и нетолеранција и, ако сакате, можеме отворено да кажеме дека тоа е дел на примитивен шовинизам. Имам впечаток дека тие не знаат да се однесуваат.

Оценувајќи дека омразата оставила длабоки фрустрации, Божовиќ заклучува: Затоа агресивното однесување не е зад, туку пред нас.
XS
SM
MD
LG