Достапни линкови

И експертите потенцираат дека учеството е битно во насока на нашите аспирации за членство во НАТО


Македонија останува активно да партиципира во меѓународните мисии, па до 2014 тоа партиципирање треба да достигне одредено ниво и според тоа ќе се врши обуката во Армијата на Република Македонија, изјави ресорниот минситер Коњановски. Тоа останува една од партнерските цели преку која истовремено ќе продолжи да се мери и компатибилноста на македонската армија за членство во НАТО, проценуваат експертите. Независно од новите планови на американската администрација за намалување на своето учество во тековните мисии пред Македонија останува предизвикот за практикување на принципот на мултилатерализам во меѓународните односи, вели професорката Лидија Ѓеоргиева.

„Ангажманот на САД е еден аспект, а тоа дека Макеоднија има свои надворешно политички приоритети меѓу кои и продолжувањето на соработката за зачленување во НАТО е вториот приоритет. Мислам дека определбата да се учествува во мировните мисии е една од клучните улоги на нашата армија и на нашата одбранбена политика.“

Приоритетите на Македонија во поглед на НАТО аспирациите остануваат, а тоа значи и продолжувањето на нашето учество во меѓународните мисии како знак на задржување на партнерите кон остварувањето на таа цел, додава професорот Назми Малиќи.

„Ќе се настојува и понатаму Македонија да се пофали и да биде ценета во тој дел, затоа што секој сака своите партнери да ги сочува, а до сега Македонија е еден од партнерите во однос на надворешната политика кон Авганистан на Соединетите Држави.“

Барањата кон македонија можеби ќе бидат изменети, прогнозира професорката георгиева па одговорот на армијата и на мисистерството треба да биде избалансиран во смисла на вклучување и на цивилни капацитети за ефикасно реализирање на мировните мисии.

„Во таа смисла еден вкупен придонес ќе преставува оценка за тоа колку Македонија придонесува кон меѓународната стабилност.“

Вели Георгиева.
XS
SM
MD
LG