Достапни линкови

Владата ја чека Енергетската стратегија која треба да ја подготви МАНУ


Балканот се соочува со сериозна енергетска криза, затоа што нема нови производствени капацитети, велат експертите. За справување со кризата потребни се големи инвестиции , многу време, и регионална соработка препорачуваат тие.. Неодамна и Светската банка посочи дека мора да се вложува во нови капацитети и да се обновуваат постоечките за да се обезбеди одржливост на енергетскиот систем. Владата пак е во очекување на Енергетската стратегија, што до февруари треба да ја подготви МАНУ и насоките како Македонија да се справи со најавената енергетска криза. Професорот на Електротехничкиот факултет Атанаско Туневски, вели дека засега секоја земја сама си се справува со кризата.

„Секој има интерес својот пазар да си го задоволи нема интерес да дава на другиот пазар, по цени што не се пазарни.Они би си граделе свои капацитети, ние ако имаме пари ќе градиме наши.“

Професорот додава дека досега со земјите во регионот соработуваме само на високонапонската мрежа и ако на некого му е потребно струја му се продава. Марјан Николов од Центарот за економски анализи вели дека Македонија пред да превземе одредени чекори во регионалната соработка, треба да направи анализи и да си даде одговори во кој правец сака да се развива:

„Отпосле можеме да размислуваме во регионален контекст, како може Македонија да придонесе, например да извезува своите вишоци или да увезува она што смета дека ќе биде поефикасно да го увезе откколку да го произведе.“

Министерството за економија логистички го подржува академскиот тим кој ја подготвува Стратегијата која треба да ги даде одговорите и решенијата за енергетската криза Во документот треба да се опишани начините со кои ќе се постигне стабилен систем што ќе се соочи со сите предизвици , со алтернативите за развој, подобрувањето на системот од сите аспекти, поврзаноста на нашиот енергетски систем со регионот и внатре во државата. Треба да биде разгледано и ефикасното користење на енергетските ресурси во Македонија.
XS
SM
MD
LG