Достапни линкови

Скопје: Љубомир Фрчковски избран за претседателски кандидат на СДСМ


Професорот Љубомир Фрчкоски и официјално е кандидатот на СДСМ за претстојните претседателски избори. На вчерашната конвенција неговата кандидатура едногласно ја подржаа 700 партиски делегати. Македонците не заслужуваат да се понижуваат нивните со мака изборени демократски институции. Треба да го запреме одот на државата кон еднопартиска диктатура, рече Фрчкоски во обраќањето пред делегатите. Кандидатурата на Фрчковски ќе ја поддржи и НСДП. Ден претходно ВМРО ДПМНЕ го избра професорот Ѓорѓе Иванов за свој кандидат за претседателските избори.
XS
SM
MD
LG