Достапни линкови

logo-print

Љубљана: Премиерот Никола Груевски во посета на Словенија


Премиерот Никола Груевски, денеска е во официјална посета на Словенија каде ќе се сретне со словенечкиот претседател Данило Тирк, со премиерот Борут Пахор и други владини претставници. Во составот на македонската делегација е и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. За време на посетата, премиерот Груевски ќе има обраќање пред Одборите за европски прашања и за надворешна политика на Државниот збор на Република Словенија, а предвидено е да одговора и на прашања од пратениците.
XS
SM
MD
LG