Достапни линкови

Њујорк: САД сакаат директни разговори со Иран, изјави американскиот амбасадор во ОН Сузан Рајс


Новиот американски амбасадор во ОН Сузан Рајс, изјави дека Вашингтон се залага за активна дипломатија која вклучува и директни разговори со Иран околу нуклеарната програма на земјата. Дијалогот и дипломатијата мора да одат рака под рака со многу одлучна порака од Соединетите држави и меѓународната зедница дека Иран мора да ги исполни своите обврски утврдени од Советот за безбедност на ОН и дека во случај на одбивање притисокот ќе се зголеми, изјави амбасадорката Рајс.
XS
SM
MD
LG