Достапни линкови

Сухуми: Убиен заменик министерот за внатрешни работи на Абхазија


Заменик министерот за внатрешни работи на Абхазија бил убиен во главниот град на оваа сепаратистичка грузиска област, Сухуми. Руската агенција Интерфакс јавува дека заменик министерот Закан Дзугелиа бил убиен во еден кафе бар во центарот на градот од маскирано лице кое по нападот успеало да избега. Претседателот на Абхазија Сергеј Багапш изјави дека убиството има за цел да ја дестабилизира ситуацијата во земјата.
XS
SM
MD
LG