Достапни линкови

Млекопроизводителите нема да се откажат од блокадите додека не се реши проблемот


Се додека не се реши нивниот проблем млекопроизводителите се решени да продолжат со блокади на патиштата на кои спонтано се собираат како израз на незадоволството од повеќемесечната неисплата на долгот кон нив од страна на Сведмилк. Ниту четиримесечните преговори не придонесоа да се дојде до решение. Млекарите најавуваат дека протестите кои започнаа вчера со блокада магиостралниот пат битола скопје како и патот кон Охрид, Прилеп и Демитр Хисар ќе продолжат и денеска.

„Се додека не се најде разврска за случајот, нема да се повлечат фармерите. Не е ништо официјално и не определено на кое место се блокира, спонтано е се.“

Најавува Драги Нечовски, млекопроизводител од битолскиот регион. Млекопроизводителите се во се подлабока криза. Секојдневните трошоци за храна на добитокот продолжуваат, се зголемуваат нивните долгови, се активираат хипотеките на кредитите земени од банките.

,,Увозно млеко се носи во Македонија, а нашето млеко не се троши, се развива сточниот фонд во другите балкански земји, а нашиот се уништува, веќе и на работ на уништување сме, доколку не се реши оваа криза.“

Кризата со Сведмилк се проширува на целиот сектор појаснува претседателот на Унијата на фармери Ѓоко Данаилов.

,,Конкуренцијата сигурно е намалена и тоа се одразува и на самиот откуп и кај другите мледари и фармерите нормално не се во ситуација да бираат и сега млекото се откупува оо пониски цени, пред да се случи ова со Сведмилк.“

Млекопроизводителите очекуваат помош од државата- да бидат обештетени доколку тоа не може да го направи Сведмилк. Од Сведмилк не ветуваат решение доколку не се продаде во целост компанијата зошто како што велат оттаму за нив нема друг начин да се добијат финансиски средства за исплата на долговите кон млекопроизводителите. Оттаму велат дека засега се појавил интерес од страна на 4 големи интернационални компании. Неофицијално се дознава дека најголеми изгледи постојат светскиот бренд Данон наскоро да стане сопственик на Сведмилк што во моментов е единствената можност да се стави крај на тешката кризата во која се најдоа млекопроизводителите.
XS
SM
MD
LG