Достапни линкови

logo-print

Каиро: Египет ја повика ЕУ да достави помош за обнова на појасот Газа


Египет ја повика Европската Унија што поскоро да достави помош за обнова на појасот Газа и да изврши притисок на Израел да ги отвори граничните премини. Бараме од Унијата брзо да дејствува за да им помогне на Палестинците да излезат од кризата, изјави египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абул Гејт. Во меѓувреме претставници на Хамас во Каиро му понудија на Израел едногодишно примирје. Токму на оваа тема, синоќа се одржа средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата со претставници на Египет, Јордан, Турција и палестинската управа.
XS
SM
MD
LG