Достапни линкови

Скопје: Ѓорѓи Иванов избран за претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ


Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ, на синоќешната конвенција го избраа својот претседатески кандидат, Ѓорги Иванов. Тој ја доби доверба од 1.016 делегати, додека вториот кандидат Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, освои 91 глас. Во своето 20-минутно претставување пред делегатите Иванов истакна дека верува во соработка со сите државни институции кои со целиот свој капацитет ќе функционираат во корист на Република Македонија. Опозициската СДСМ денеска треба да го објави својот претседателски кандидат. Неофицијално се соопштува дека НСДП и СДСМ се блиску до договор за поддршка на проф. Љубомир Фрчкоски за заеднички кандидат на опозицијата.
XS
SM
MD
LG