Достапни линкови

Вашингтон: САД ја поздравија руската заложба за помош при доставата на материјали во Авганистан


Официјален Вашингтон ја поздрави заложбата на рускиот претседател Дмитри Медведев дека неговата земја е подготвена да им помогне на Соединетите држави во транспортот на невоени материјали за Авганистан преку руска територија. Портпаролот на Стејт департментот Роберт Вуд изјави дека администрацијата на Барак Обама смета на соработка со Русија во Авганистан. Соединетите држави и НАТО бараат алтернативни патишта за снабдување по серијата напади врз нивните конвои кои во Авганистан влегуваат од Пакистан.
XS
SM
MD
LG