Достапни линкови

Дојран: Грчките фармери ги блокираа граничните премини кон Македонија


Грчките фармери кои неколку денови протестираат на северот на земјата, денеска со трактори ги блокирале граничните премини кон Македонија: Евзони и Дојрани, соопшти грчкото државно радио. Фармерите ја продолжуваат блокадата и на граничните премини со со Бугарија и Турција, како и на повеќето патишта. Тие бараат зголемување на субвенциите и на пензиите. Инаку, непознати демонстранти во изминатата ноќ запалиле автомобил на кинеската амбасада во Атина.
XS
SM
MD
LG