Достапни линкови

Визната либерализација според аналитичарите ќе зависи од тоа дали ќе имаме фер и демократски избори


Добро е што студентите конечно се разбудија! Протестите во Брисел се чекор напред од генералното расположение на македонските студенти кои се премногу пасивни, вели Катерина Тодоровска, студент на Правниот факултет во Скопје. Таа не замина во Брисел, но со својот потпис ја поддржа ваквата иницијатива на студенската организација. Таа се сеќава на непријатните искуства пред амбасадите во земјава:

„Отидовме со маркер обележано кој член од самиот документ кој што е во сила, според кој трбаше да ни ги издадат визите бесплатно, но ги плативме бидејќи амбасада на голема европска држава ги немаше подготвено своите вработени за промените кои што беа во сила.“

Тодоровска вели дека не ретко нејзините колеги од европските земји не веруваат низ што се треба да поминат македоснките студенти за да ја добијат потребната виза.

„Не им е нив јасно колку се среќни што живеат во Европска Унија и што живеат во еден таков голем простор без граници, што може да патуваат од едно место на друго.“

Експертите пак во земјава со поделени милењаза намерата на протестите. Тие сметаат дека најважен услов за визна либерализација е исполнување на потребните критериуми поставени од Европската комисија. Проф. Илбер Сеља од Штуловиот Универзитет вели дека ваквите типови на движење се политички мотивирани, а студентите се изманипулирани.

„Не се добри бидејќи тие се под влијание на политичките партии и од владата, за да пишуваат медиумите во Брисел за тоа, но од тоа нема да добиеме ништо.“

Владимир Божиновски пак од Институтот за демократија пак вели дека секоја форма на притисок е добредојдена.

„Со овие форми на притисок кои што се позитивни на некој начин и со тоа што ги исполнуваме условите, со оддржување на фер избори ќе не стават условно кажано, на онаа ,,бела шенген листа.“

Според аналитичарите доколку Македонија го спроведе и клучниот услов, односно спроведе слободни и демократски локални и претседателски избори во март, Грција нема да го блокира и овој процес.

„Заради тоа што во однос на визна либерализација одлучува мислам дво-третинско мнозинство.“

„Доколку имаме фер и коректни избори, тогаш во ноември ќе имаме визна либерализација.“


Изјавија Божиноски и Сеља.
Македонските студенти вчера се сретнаа со словенечкиот европратеник Јелко Кацин, со кој разговарале за нивните барања за ослободување од взиниот режим. По завршувањето и на денешните протести, предвидено е на 27 јануари македонската студентска организација своите барања за што побрзо укинување на шенгенскиот систем ќе ги пренесе и во кабинетот на еврокомесарот за проширување Оли Рен.
XS
SM
MD
LG