Достапни линкови

logo-print

Џорџ Мичел именуван за специјален пратеник за Блискиот Исток, а Холбрук за Пакистан и Авганистан


Американскиот Претседател Барак Обама на брз начин ги продолжува промените. Тој именуваше двајца нови специјални пратеници за Блискиот Исток и за Авганистан и Пакистан. Поранешниот сенатор Џорџ Мичел ке биде одговорен за обнова на арапско – израелските мировни преговори, а американскиот дипломат Ричард Холбрук, надлежен за Авганистан и Пакистан и е добро познат на балканската јавност по мировните мисии.

Барак Обама се појави пред Стејт Департментот со неговиот државен секретар Хилари Клинтон и ги објави именувањата на дипломатите Ричард Холбрук и Џорџ Мичел. Хилари Клинтон изјави дека дипломатијата и развојот ке бидат клучните компоненти во надворешната политика на администрацијата на Барак Обама.

„Денеска ние ја почнуваме тешката работа со цел да и овозможиме на нашата земја да одговори на предизвиците на 21 век. Претседателот е посветен да направи дипломатијата, развојот и одбраната да бидат партнери. “

Новата администрација на Соединетите Држави се соочува со итни надворешни предизвици со фокус врз анти терористичките напори од Ирак до Авганистан, заканата од нуклеарните активности на Иран и насилството меѓу израелците и палестинците. Обама нареди целосен преглед на стратегијата во Авганистан и им порача на генералите да ги почнат плановите за повлекување на трупите од Ирак. Осама бин Ладен и другите лидери на Ал Каеда и натаму се смета дека се кријат во планините во граничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан. Во изјавата за важноста од овој регион Барак Обама објавувајки го именувањето на 67 годишниот Ричард Холбрук еден од творците на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина рече:

„Тоа е централен фронт во нашата борбата против тероризмот и екстремизмот. Таму како и на Блискиот исток, ние мора да разбереме дека не можеме да се справиме со проблемите изолирано. Нема одговор за Авганистан ако не се справиме со Ал Каеда и талибанците на границата со Пакистан и нема да има долготраен мир ако не ги прошиме можностите за тамошните луѓе.“

Поранешниот сенатор 75 годишниот Џорџ Мичел според Барак Обама е избран за пратеник на Блискиот исток поради неговите преговарачки способности. Тој е познат како човек кој стави крај на конфиктот меѓу Католиците и Протестантите во Северна Ирска, но исто и во времето на Претседателот Бил Клинтон работеше врз ставањето крај на израелско-палестинското насилство.

„Политиката на мојата администрација ке биде агресивно барање долготраен мир меѓу Израел и Палестинците, како и меѓу Израел и Арапските соседи.“

изјави американскиот претседател Барак Обама со најавата дека новата ера на американското водство мора да почне веднаш.
XS
SM
MD
LG