Достапни линкови

Прага: Хрватска и другите земји од Балканот побрзо да добијат шанса за ЕУ, изјави Шварценберг


Хрватска и другите земји од Балканот треба веднаш откако ќе ги исполнат предусловите, да добијат што е можно побрзо шанса за влез во Европската унија, изјави шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. Тој во интервју за виенскиот весник Пресе, на прашањето дали Хрватска ќе ги заклучи преговорите за прием во текот на оваа година изјави оти не знае поради блокадата на Словенија. Балканските земји треба да ги затворат отворените прашања, порача Карел Шварценберг.
XS
SM
MD
LG