Достапни линкови

Има ли договор ВМРО ДПМНЕ – ДУИ и кој ќе биде кандидат на СДСМ за претседател?


По синоќешната седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз денеска од партијата зборуваат само за техничките информации кои биле договорени. Викендов како што објаснува Владо Бучковски општинските орагнизации на партијата ке одржат состаноци на кои ќе бидат номинирани каднидатите за претседател:

„Промоција на нашиот претседателски кандидат ќе биде на 26-ти јануари кога ќе се оддржи Конвенција во Скопје.“

И додека од СДСМ засега не лицитираат со конкретни имиња, во ВМРО ДПМНЕ како најсериозен кандидат произлезен од партискиот конкурс кој завршува утре испливува името на професорт Ѓорѓе Иванов. Ден порано од опзоцината партија, во недела делегатите на ВМРО ДПМНЕ на партиска конфенција ке гласаат за својот кандидат. Поддршката за нив од страна на колициниот партнер ДУИ пак е се поизвесна. Иако вчера зборувајки за причините поради кои се откажа од трката за шеф на државата дипломатот Срѓан Керим изјави дека од Ахмети му било соопштено за договорт кој што го има со Груевски, денеска потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити вели дека преговорите се сеуште се во тек, а на утврдувањето на точките работат работните тела на двете партии. За тоа што точно договараат, Алити не сака да зборува:

„Што очекува ДУИ? Секако дека очекуваме прво имплементација на сето она што е зацртано во Рамковниот Договор.“

Опозицинерот Бучкосвки пак смета дека каков и да е договорот мегу двете партии како што вели тој ке биде лош за Македонија:

„Директна криза во Македонија предизвика и нивниот договор за предвремени избори, така што скептичен сум дека сето она што тие го договараат ќе биде добро за Македонија.“

Ахмети пак деновиве за албанска телевизија изјави дека со Груевски се договорил во 2014 година шеф на државата да стане Албанец. Од ВМРО ДПМНЕ пак таквата изјава ја оценија како извадена од контекст. И аналитичарот Ризван Сулејмани смета дека таков договор не е возможен, бидејки како што вели за 5 години никој не знае на какви позиици ќе бидат Груевски и Ахмети, ниту пак како тогаш на изборите ке гласаат македонските грагани. Според него најверијатно двете владечаки партии се договориле за подршка на локално ниво

„Таму каде што во некои општини каде што може да биде позагрозена позицијата или кандидатите на ДУИ.“

Вели Сулејмани и додава дека сепак подршката која ја дава Ахмети е неизвесна. Според него неможе да се натераат албанците во Македонија да гласаат за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, кога на изборите е кандидиран и Имер Селмани од Нова Демократија.
XS
SM
MD
LG