Достапни линкови

Желбата за саморекламирање пресудна за големиот интерес, оценуваат експертите


Партиски канцидати, независни кандидати, деновиве трката за избор на претседател постојано се збогатува со нови имиња. Ваквата заинтересираност за стапување на функцијата која во земјава се смета за маргинализирана и без многу ингеренции според аналитичарите се должи најмногу на желбата на кандидатите да се промовираат самите себе иако на повекето од нив им е јасно дека немаат шанса за победа.

„Потребата од саморекламирање, неподносливата леснотија на вршењето на функцијата и неодговорноста во вршењето на функцијата пред никого го зголемува интересот кај кандидатите,“

вели професорот по уставно право Саво Климовски.

Причините за бројноста на кандидатите слично ги лоцира и професорот од Штуловиот универзитет Рухи Бакиу. Жесткоста на политичката битка пак која се навестува уште при самиот почеток според него е поради желбата на партиите да го контролираат претсдателот:

„Нашите политички партии преку кандидатите за претседател сакаат да ја покажат и политичката моќ пред јавноста, односно пред граѓаните.“

Токму тенденцијата за контрола на претседателот придонесува во Македонија значајните ингеренции на оваа функција да бидат само дел од уставот а реално да се маргинализира улогата на претседателот од страна на извршната власт додава Бакиу:

„Сега натаму не држи тезата дека во Македонија имаме полупретседателски систем, од причина што надлежностите преминаа на извршната власт.“

Климовски пак сугерира дека ваквата состојба во пракса која како што вели уставот го прави виртуелен може да се надмине само со измени на обликот на државно уредување

„Ние ќе треба да се определиме за што сме, дали сме за парламентарна демократија со јак парламент или сме за претседателски систем, а не ова некој дериват на претседателски систем кој го содржи нашиот устав.“

Експертите објаснуваат дека уставно претседателот има големи ингернции во областа на надворешната политика и безбеднсота како врховем командант на вооружените сили. Актуалната владечака гарнитура и претседателот Црвенсковски во периодов на заедничката работа најмногу се судираа вообласта на надворешната политика.
XS
SM
MD
LG