Достапни линкови

Барање до обвинителите за одложување на сите судски процеси во Гвантанамо Беј


Американскиот претседател Барак Обама ја почна работата. Само неколку часа откако положи заклетва тој побара од воените обвинители во базата Гвантанамо да ги одложат сите судски процеси во наредните три месеци. Предвидено е Обама денеска да има состаноци на кои, како што е најавено, треба да бидат разгледани можностите за забрзување на повлекувањето на американските војници од Ирак, но и за другите кризни подрачја во светот. Дали надворешно политичкиот курс на неговата администрација ќе изразува континуитет во однос на претходната на Џорџ Буш и каде во тоа ќе се најде Балканот.

Поранешниот американски амбасадор во Хрватска и во Србија Вилијем Монтгомери смета дека и покрај тоа што многу луѓе во кабинетот на Барак Обама се од администрацијата на поранешниот претседател Бил Клинтон сепак нема суштински да биде нарушен континуитетот на политиката на Џорџ Буш спрема Западен Балкан.

„Мислам дека нема да дојде до позначајни промени. Во надворешно политичкиот естаблишмент на Соединетите држави, во кој се претседателот, Стејт Департментот, Конгресот, постои консензус кога е во прашање пристапот кон Балкан.“

Впрочем, како што додава Монтгоме, темелите на политиката што спрема Балканот ја водеше Буш ги има поставено администрацијата на Клинтон. Некои луѓе од тоа време сега се вратија како Хилари Клинтон, Џо Бајден. Според него, можеби ќе има некаква промена во стилот, како напримен повторно да има специјален американски пратеник за решавање на проблемите во Босна или Косово, но тоа е само прашање на форма. Марк Алмонд од Универзитот во Оксфорд смета дека Западен Балкан нема да биде на списокот на приоритети на администрацијата на Обама. Според него, досегашната американска политика спрема регионот на поранешна Југославија се доживува како успешна приказна, со оглед на фактот што ни за мандатот на клинтоновата ни за мандатот на бушовата администрација не дошло до обновување на насилството и пради тоа што владите во регионот во основа се проамерикански.

„Може да се очекува кога се во прашање некои специфични теми ретокирата да биде малку поостра, например во врска со апсењето на Ратко Младиќ. Но верувам дека нема да дојде до суштинска промена на политиката.“

Вели Марк Алмонд и притоа потсетува на фактот дека сегашниот потпретседател Џо Бајден како сенатор бил многу ангажиран околу Босна и Косово. Тој, своето тврдење дека тимот на Обама нема да троши повеќе енергија на Западен Балкан од претходниот на Буш, вака го објаснува:

„Регионот со право или не, не се дефинира како клучна кризна зона. Сега таа зона е на другата страна на Црно Море, можеби и Украина. Значи се додека нема да избувнат насилства меѓу албанците и србите на Косово, се додека не се појави улично насилство во Босна, тенденцијата ќе биде на регионот да се гледа како на зона од секундарно значење која треба да им биде препуштена на европејците.“

Заклучува Марк Алмонд од Универзитетот во Оксфорд.
XS
SM
MD
LG