Достапни линкови

Се ќе зависи од политичката волја процесот да не се претвори во меѓупартиска битка, велат експертите


Комисијата за лустрација на тест околу спроведувањето на овој процес, пред престојните локални и претседателски избори. Пред неа имено сите кандидати кои ќе учестуваат на изборите ќе треба да поднесат изјава дека не соработувале со тајните служби. Процесот би опфаќа и носителите на јавни функции. Она што и при формирањето на комисијата се постави како дилема, е колку 11-те члена, предложени од политичките партии, ќе бидат отпорни на политичките влијанија и притисоци. Експертската јавност со предупредување дека таква опасност ,,демне“ и затоа повикуваат дека се ќа зависи од политичката воља - лустрацијата да не се претвори во меѓупартиска битка:

„Вие имавте кодоши, ние немавме кодоши или вие имавте повеќе, ние помалку, значи тука сериозно мора партиите да најдат заеднички јазик, за само во вистинското светло на лустрација да се оди во овој процес, а не тоа да стане меѓупартиска битка.“

Објаснува професорот Владимир Пивоваров. Даут Даути - новинар е еден од членовите на Комисијата за лустрација, смета дека ќе има обиди, но убеден е дека ќе се оддолее на политичките влијанија. Сепак се ќе зависи вели тој од органите кои ги доставуваат податоците за лицата кои соработувале со тајните служби:

„Никој нема да замижи пред фактите, да ги премолчи фактите, доколку нема манипулации од органите што ќе ги доставуваат податоците до Комисијата за лустрација.“

посочува Даути. Законот не предвидуваше членовите да бидат партиски предлози, но како и се кај нас овој процес без поддршка на партиите се виде дека неможе да стартува, вели пак Стојан Андов предлагач на законот кој потсетува дека комисијата беше формирана дури по речиси една година од донесувањето на законот:

„Ќе има обиди за притисоци, нашите партии да беа подготвени за лустрација одамна ќе беше донесен овој закон. Меѓутоа мислам дека луѓето во Комисијата ќе знаат какви закани за нивната безбедност и слобода претставува нарушувањето на законот, затоа што претставува кривично дело доколку ги послушаат партиските притисоци.“

Изјавува Даути. На самиот почеток, стручната јавност упатува уште едно предупредување дека овој процес е исклучително комплициран, што сигурно ќе ја отежни работата на Комисијата:

„Секогаш кажувам дека лустрацијата не беше подготвена онака како што треба на експертско ниво, за да во овој момент кога Комисијата треба да отпочне со работа има некои нејаснотии околу докажувањето дека некое лице соработувало со службите.“

вели професор Пивоваров.
XS
SM
MD
LG