Достапни линкови

Загреб: Репрезентацијата на Македонија денеска против Германија на СП во ракомет


Репрезентацијата на Македонија денеска на светското првенство во ракомет се среќава со селекцијата на Германија, актуелен светски шампион. Утре нашите ракометари се среќаваат со Русија во последниот меч од групата. Освојувањето на едно од првите три места ја носи македонската селекција во пласман во вториот круг на Светското првенство. Инаку, по победата над Полска Агенцијата за млади и спорт реши денеска и утре на плоштадот „Македонија“ во Скопје да постави видео бим преку кој ќе може да се следат претстојните два настапа на машката ракометна репрезентација.
XS
SM
MD
LG