Достапни линкови

Скопје: Бензините поскапеа за половина денар


По неколку поевтинувања, бензините од ноќеска на полноќ поскапеа за половина денар, а дизел горивото за пет денари за литар. Со одлуката на Регулаторната комисија, се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 22,39, односно 13,10 отсто. Новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 е 46,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 се продава за 47,50. Малопродажната цени на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за пет и ќе изнесува 44,50 денари за литар, а на Екстра лесното за домаќинство за 4,5 денари за литар и чини 33,50 денари за литар.
XS
SM
MD
LG