Достапни линкови

Рим: Претседателот Црвенковски во посета на Италија


Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, на покана од својот италијански колега Џорџо Наполитано, од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Италија. За време на посетата, во Рим, претседателот Црвенковски ќе се сретне со својот домаќин Наполитано, а в петок во Апостолската ватиканска палата тој ќе биде примен на аудиенција кај папата Бенедикт 16- ти. Македонскиот претседател ќе има средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Тарцисио Бертоне.
XS
SM
MD
LG