Достапни линкови

Тел Авив: Израелските сили почнаа повлекување на појасот Газа


Израелските сили почнаа да се повлекуваат од појасот Газа по тринеделната воена офанзива на оваа територија. Ова следува откако Израел прогласи примирје, а Хамас се согласи на еднонеделен прекин на огнот што ќе им овозможи на израелските трупи да се повлечат. Израел соопшти дека офанзивата ја постигнала целта, да се ослабне моќта на Хамас да фрлаат ракети кон Израел. Лидерот на Хамас пак, Исмаил Ханија прогласи голема победа на ова движење. Обединетите Нации соопштија дека ќе бидат потребни стотици милиони долари хуманитарна помош за популацијата во Газа и за обнова на уништената инфраструктура.
XS
SM
MD
LG