Достапни линкови

Mосква: Денеска обновување на испораката на руски гас за Европа


Испораката на руски гас преку Украина наменет за европските потрошувачи се очекува денеска да биде обновен. Ова го изјави украинската премиерка Јулија Тимошенко, откако руски Газпром и украинската Нафтогас потпишаа договор за обновување на транзитот на руски гас низ Украина. Тимошенко додаде дека Украина ќе ја обнови испорака на гас и кон Европа, штом тој стигне до украинскиот транспортен систем.
XS
SM
MD
LG