Достапни линкови

Со што помалку енергија да се задоволат потребите за нормално живеење, повикуваат експертите


Македонците не штедат на струја во услови кога цел свет внимава на потрошувачката на најскапиот енергенс, предупредуваат експертите. Тие велат дека се прават големи загуби од процесот на производство , па се до нејзиното трошење во индустријата и во домаќинствата. Наместо енергетска ефикасност во Македонија постои енергетска неефикасност велат тие.
Од невладината организација Проактива во чии рамки постои Центар за енергетска ефикасност, велат дека го отвориле центарот затоа што јавноста не е информирана за тоа што значи да се биде енергетски ефикасен.

„Некои што се информирани не знаат како правилно да го користат, на пример светилките кога ќе ги купат гледат почесто да земат поевтини, разбрале дека се евтини, разбрале дека можат да заштедат некои потрошувачки, но сепак не е тоа тоа како што они го мислат. Ќе купат некои поевтини светилки кои не се толку ефикасни како оние кои појаките фирми ги продаваат.“

Вели Јован Драганов од Проактива.
Граѓаните најмногу се интересираат за штедливите светилки и
како да ги изолираат ѕидовите и прозорите. Некои од граѓаните велат дека внимаваат колку струја трошат, но има и такви кои нештедат.

„Пробуваме да штедиме со гасење на светла кога ќе излеземе од соба,навечер гасење на апаратите да не бидат на стенд бај.“

„Нештедам струја, затоа што мислам дека во зимскиот период нема човек што штеди струја.“


Професорот Константин Димитров од МАЦЕФ вели дека Македонија во споредба со развиените земји троши три до четири пати повеќе енергија во однос на бруто национален приход. Тој вели дека на лугето треба да им се објасни што значи енергетска ефикасност .Тоа не е штедење на енергија туку со помалку енергија да се исполнат условите за нормално живеење, објаснува професорот Димитров.

„Да задржите 20 степени во просторијата а да потрошите помалку гориво. Енергетска ефикасност е да имате осветление во просторијата а да не потрошите на пример, има сијалица со вжарено влакно што троши 100 вати,ако вградите неонка таа троши 40 вати, а во исто време ви дава исто осветление. Фрижидерите за ладење некои трошат 600, некои 200 вати, енергетски ефикасни се оние кои трошат 200.“

Додека чекаат да дојдат на ред да плата струја, луѓето можат да се информираат како да заштедат, преку брошури кои можат да се најдат на сите наплатни места за струја. Затоа што најголем дел од електричната енергија се троши во домаќинствата од министерството за економија за оваа година највија дека ќе ги субвенционираат сите што ќе постават сончеви колектори во своите домови.
XS
SM
MD
LG