Достапни линкови

logo-print

Хаг: Денеска прва средба на застапниците за тужбата што Македонија ја поднесе против Грција


Во Хаг денеска ќе се одржи првата официјална средба на македонските и на грчките застапници за тужбата што Македонија ја поднесе против Грција поради прекршување на Привремената спогодба од 1995-та година со тоа што го попречи зачленувањето на земјата во НАТО. На средбата ќе се разговара за процедурални прашања кои ќе треба да го одредат натамошниот тек на процесот пред Мегународниот суд на правдата, а ќе ја води претседателката на Судот, Розалин Хигинс. Македонската страна ќе ја претставува ко-застапникот амбасадорот Никола Димитров.
XS
SM
MD
LG