Достапни линкови

logo-print

Москва: Денеска се очекува да биде потпишан договорот меѓу Газпром и Нафтогаз за испорака на гас


Руски Газпром и украински Нафтогаз денеска треба да го потпишат договорот со деталите околу испораката на руски гас кон Украина, а потоа и кон останатите земји од Европа. Вчера во Москва премиерите на Русија и Украина, Владимир Путин и Јулија Тимошенко постигнаа договорот околу спорот со гас и им наложија на првите луѓе на компаниите за гас од двете земји, да го состават и потпишат официјалниот договор. По потпишувањето на договорот, по две недели прекин, се очекува нормализирање на испораката на гас кон европските земји.
XS
SM
MD
LG