Достапни линкови

logo-print

Берлин: Германските власти ја потврдија автентичноста на видео снимката со закани до земјата


Германските власти ја потврдија автентичноста на видео снимката преку која се упатуваат закани до Германија поради нејзиниот ангажман во Авганистан. Имено, на 30 минутната снимка објавена преку интернет, лице кое себе си се нарекува ,Абу Талиха порачува дека ,,германците се наивни доколку мислат дека ќе поминат неказнето поради присуството во Авганистан.“ Објавувањето на пораката коинцидираше со нападот пред германската амбасада во Кабул, во кој загинаа пет лица.
XS
SM
MD
LG