Достапни линкови

Вашингтон: Започнаа свеченостите во пресрет на инаугурацијата на Барак Обама


Со серија настани и свечености, Соединетите Држави ја започнаа инаугурацијата на Барак Обама за 44-ти американски претседател, која со официјална церемонија ќе биде заокружена утре. Имено, во пресрет на именувањето, Обама заедно со своето семејство, присуствуваше на спектакуларниот поп концерт во Меморијалниот центар Линколн во Вашингтон што го следеа неколку илјади луѓе, а на кој настапија ѕвезди како Брус Спрингстин, Стиви Вондер, групата У2... На утрешната инаугуративна церемонија се очекува да присуствуваат околу два милиона луѓе.
XS
SM
MD
LG