Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: САД и ОН го поздравија унилатералниот прекин на огнот од Израел


Обединетите нации и Соединетите американски држави го поздравија израелското објавување на унилатералниот прекин на огнот во офанзивата во која цел беа милитантите на Хамас во Газа Генералниот секретар на Обединетите нации во говорот за време на посетата на Либан изјави дека прекинот на огнот треба да претставува прв чекор кој треба да доведе до целосно повлекување на израелските трупи од Газа. Тој исто така ги повика милитантите на Хамас да престанат да исфрлаат ракети од Газа во Израел.Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави деак САД очекуваат двете страни да прекинат со нападите, додавајки дека САД остануваат длабоко загрижени поради страдањата на недолжни палестински цивили.
XS
SM
MD
LG