Достапни линкови

Ерусалим: Консултации на израелските лидери за можноста за примирје


Израелските лидери одржуваат консултации за можноста од прогласување примирје и запирање на три-неделната офанзива против милитантите на Хамас во Појасот Газа. За вечер е предвиден состанок на премиерот Ехуд Олмерт со безбедносните служби. Од друга страна, претставник на Хамас изјави дека тие ќе ги продолжат борбите во Газа се додека не бидат исполнети нивните барања за целосно повлекување на израелските сили и за деблокада на Појасот Газа. Инаку, и во изминатата ноќ продолжија израелските бомбардирања врз цели на Хамас во Газа, при што било погодено и едно училиште под управа на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG