Достапни линкови

Москва: Средба Путин Тимошенко за надминување на спорот со гас


Русија и Украина денеска ќе направат уште еден обид за надминување на спорот со испораката на руски гас за Европа. Во Москва е закажана средба меѓу премиерите на двете земји Владимир Путин и Јулија Тимошенко, а се очекува присуство и на претставници на Европската Унија. Путин денеска изјави дека е можен договор за транзитот на гасот, а Русија и Украина и натаму се спорат околу цената што треба да ја плаќа Киев за рускиот гас годинава.
XS
SM
MD
LG