Достапни линкови

Анкара: Околу 700 курдски бунтовници се убиени во операции на турската армија минатата година


Турската армија денеска соопшти дека во текот на минатата година убила скоро седумстотини курдски бунтовници, а околу четиристотини уапсила. Според портпаролот Матин Гурак, во борбите со курдските противници загинале и над сто и седумдесет турски војници. Овие податоци засега не ги коментираат од Курдската работничка партија која пред дваесет и пет години ја започна борбата за автономија на Курдистан од Турција.
XS
SM
MD
LG