Достапни линкови

Њујорк: Пилотот кој безбедно слета авион во американската јавност поздравен како херој


Американската јавност го поздрави како херој, пилотот кој вчера успеал да слета еден патнички авион во смрзната река Хадсон во Њујорк, откако моторите на леталото откажале по удар со јато птици. По слетувањето, сите сто и пеесет патници и членови на екипажот на авионот од типот А 320, на американската компанија Ју Ес Ервејз беа спасени, без посериозни повреди. До несреќата дојде веднаш по летнувањето на авионот од аеродромот Ла Гуардиа кон Северна Каролина.
XS
SM
MD
LG