Достапни линкови

Газа: Израел соопшти дека тринеделната офанзива во Појасот Газа би можело да влезе во завршна фаза


Израел денеска соопшти дека тринеделната воена офанзива во Појасот Газа би можело да влезе во завршна фаза. Марк Регев, портпарол на премиерот Ехуд Олмерт, прецизира дека за таа цел во Вашингтон престојува шефот на дипломатијата Ципи Ливни, а во Каиро главниот израелски преговарач Амос Гилад при што ќе разговараат за предлог договорот за примирје. Претходно претставници на ХАМАС во Каиро изјавија дека би прифитле прекин на огнот, доколку израелската армија се повлече од Појасот Газа во наредните пет до седум дена.
XS
SM
MD
LG