Достапни линкови

logo-print

Ризична политика на владата наменета за оддржување на високиот рејтинг, сметаат експертите


Ризична политика која дефинитивно ја воведува државата во националистички занес и не внесува во еден маѓепсан круг од кој тешко се излегува, создавајќи масовна хистерија преку експлоатирањето и пласирањето на историјата на античките македонци. Ова се само дел од предупредувањата кои ги упатуваат експертите коментирајќи ја еуфоријата во јавноста создадена преку владините кампањи и мерки со елементи од античката македонска историја. Реклами во кој преку ликот на Александар Македонски на граѓаните им се порачува ,,Ти си Македонија“, бројни инфраструктурни објекти кои изминатиов период се именуваа по овој херој, или како Филип Втори, скулптури пред владата од античкиот период... Во оваа насока професор Биљана Ванковска објаснува:

„Национализмот е чувство кој што кога ќе го потикнете тогаш тешко можете да го вратите ,,духот во шишето“ како што би рекле. Ми се чини дека велам тоа е механизам на владеење, не е само исполнување на некоја цел, туку е бран на кој ,,плива оваа влада“ градејќи висок рејтинг.“

Вели професор Ваковска додавајќи дека паралелно со градењето на висок рејтинг преку вакви методи, власта всушност ,,успешно“ манипулира со јавноста одвлекувајќи и го вниманието од реалните проблеми, лошата економија и евро-атлантскиот неуспех:

„Таа прави чекор назад, таа го врти практично фокусот на јавноста кон минатото и сето тоа е повторно велам бегање од реалноста.“

Иако владата вели дека целта всушност е само реално изразување на македонскиот идентитет и државност, историчартите потсетуваат дека не треба да се бара ексклузивитет во само еден дел од историјата:

„Да се бара екслузивитет само на античкото потекло мислам дека не е во ред. Мислам во идентитетот сигурно дека го има античкиот елемент, меѓутоа никако не треба да се исклучи и словенскиот.“

објаснува професор Тодор Чепреганов од Институтот за национална историја. Во меѓувреме критиките од меѓународниот фактор зачестуваат, а стручната јавност предупредува дека треба да учиме на грешките од соседите кои ваквите ,,болести“ веќе ги надминаа, ,,плакајќи висока цена“:

„Кој го одболедуваа и хрватите и србите со своите корени, небески народ и слично... ние на еден многу патетичен начин во 21 век, во време кога имаме одредени аргументи во своја рака дека сме етаблирани како држава, значи тогаш кога не постои реална опасност за идентитетот и државноста ние го проблематизираме тој однос.“

Забележува проф. Ванковска.
XS
SM
MD
LG