Достапни линкови

Годинава отежнато кредитирање за граѓаните и компаниите


Народната Банка на Македонија предвидува дека во текот на годинава граѓаните и претпријатијата потешко ќе стигаат до кредит. Ескпертите сметаат дека централната банка добро ја проценила ситуацијата во земјава, додека банкарите најавуваат дека ќе го затегнат ременот во поглед на кредитите

Според најновите проекции на народната банка, во текот на 2009 банките ќе издаваат три пати помалку кредити. Банката проектираше кредитен раст од 12 отсто за годинава. Во 2008 стапката на кредитен раст се проценува на 36 отсто. Централната банка ја правда проекцијата со светската финансиска криза. Институцијата веќе донесе пакет рестриктивни мерки, затегајки ја монетарната политика што на комерцијалните банки им наложува да водат повнимателна кредитна политика.
Банкарите велат дека дури и без мерките на народната банка, во текот на годинава кредитирањето ќе биде построго. Драган Димитров од „Статер Банка“ не ја исклучува можноста за зголемување на каматните стапки на кредитите и за населенињето и за компаниите.

,,Посебно кај населението каде постоеше најекспанзивен раст во изминативе неколку години, кредитирањето во 2008 почна да се намалува и таа рестриктивност ќе продолжи и во 2009 година. И мора едно нешто да се разјасни: и со мерката и без мерката на народната банка тоа ќе се случеше“

Експертите сметаат дека Народната банка направила реални проекции. Професорот Мирољуб Шукаров од Универзитетот на југоисточна европа вели дека НБРМ има добар увид во состојбата во банките

„Народната Банка е свесна дека после влијанието на лошата година во реалниот сектор следи и одреден притисок во финансискиот сектор што може да ја загрози и девизната ликвидност на земјата.“

Граѓаните се загрижени од најавите дека земањето кредит ќе биде уште потешко

„Народов и така нема од што да живее, со кредитите барем колку - толку се снаоѓаа“

„Многу лошоч па граѓаните единствено од кредити живеат. Од што друго? платите не стасуваатч нема од што друго, мора да се задолжува човек по банките“

„Којзнае, можеби во следниов период ќе има многу луѓе кои до толку ќе заглават што куќите ќе ги изгубат под хипотеки или не дај Боже ќе завршат во затвор“


Инаку, рестриктивната монетарна политика на централната банка веќе неколкупати е цел на забелешки и на Министерството за Финансии. Од таму се придржуваат на препораката за намалување на референтните каматни стапки.
XS
SM
MD
LG