Достапни линкови

Москва: Русија и Украина ќе оддржат состанок на владино ниво за спорот околу испораката на гас?


Русија и Украина веројатно ќе одржат состанок на владино ниво во врска со спорот околу испораката на руски гас за Европа. Во Киев е соопштено дека синоќа телефонски разговарале укринската премиерка Јулија Тимошенко и рускиот премиер Владимир Путин. Вчера украинскиот претседател Виктор Јушченко го отфрли рускиот предлог за состанок, во сабота во Москва, на сите европски компании кои увезуваат гас. Словачкиот премиер Роберт Фицо, по посетите на Киев и на Москва изјави дека не очекува брза обнова на снабдувањето со гас, оценувајки дека руско – украинскиот спор е многу проблематичен и е од политички карактер.
XS
SM
MD
LG