Достапни линкови

logo-print

Според експертите најдобро би било доколку идниот претседател биде непартиска личност


Во најголемите парламентарни партии владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата СДСМ денеска молк околу преседателските кандидатури по неочекуваниот заплет кој се случи откако СДСМ предложи двете партии да излезат со заедничкиот кандидат Срѓан Керим како натпартиски кандидат околу кој ќе се обединат. Набрзо по поканата од СДСМ, ВМРО излезе со името на професорот Ѓорѓе Иванов образложувајќи ја со зборорвите личност без хипотеки и со огромен интелектуален и морален капацитет и кредибилитет. Во интерната партиска анкета Иванов добил најголем број гласови. Високи членови на партијата како и неколкумина колеги на Иванов од универизтетот се објавени како потписници на неговата кандидатура. На листата не стои потписот и на премиерот Груевски како и на неколкумина негови блиски соработници. Во партијата претпладнево не беа достапни да ја коментираат и оваа информација како и тоа дали се очекува на листата на кандидати на оваа партија да се појави уште некое име. Во оваа партија сеуште трае рокот за доставување кандидатури до 23 јануари, а изборот како што рекоа претходно од партијата треба да го направат делегатите на конвенцијата за избор на претседатекси кандидат што ќе се одржи на 25 јануари. Во СДСМ исто така молк откако излегоа со името на Срѓан Керим како заеднички кандидат. Во оваа фаза од објавувањето на кандидатури кај експертите постои делумно изненадување во врска со објавените кандидати. За нив е најприфатливо доколку идниот претседател биде непартиска личност.

„Мислам дека ќе биде многу добро решение доколку имаме некој претседателски кандидат кој што не е директно инволвиран во која било партија.“

Вели политикологот Влатко Божиновски.
Професорот Јован Донев не очекува дека ВМРО ДПМНЕ ќе се појави со некој друг кандидат со оглед на објавената поддршка во партијата.

„Ќе одат со Ѓорѓи Иванов, тоа е очигледно, евентулано да видиме да не се појави внатре во партијата некое изненадување, меѓутоа со толкава силна поддршка во врвот на партијата што ја има Ѓорѓи Иванов, очигледно тој е нивниот фаворит.“

Сеуште е неизвесно дали СДСМ ќе се појави со друг кандидат како и дали керим би ја прифатил нивната кандидатура. Керим изјави дека не бил запознат со кандитурата што ја иницираше вчерашната негова средба со претседателот Црвенковски.
XS
SM
MD
LG