Достапни линкови

logo-print

Киев: Јушченко нема да присуствува на самитот на увозниците на гас


Украинскиот претседател Виктор Јушченко оцени дека рускиот предлог да се одржи самит со увозниците на рускиот гас од Европската Унија во Москва е добра идеја, но најави дека тој нема да присуствува таму. Бидејќи руската федерација според Јушченко е земја која е учесник во спорот со гасот, таков самит не може да се одржи на нејзина територија, соопштуваат од кабинетот на украинскиот претседател. Јушченко посочи дека самитот може да се одржи во Брисел или Прага, како земја претседавач со Унијата.
XS
SM
MD
LG