Достапни линкови

Нема да има големи промени, но сепак ќе има разлики во однос на Бушовата администрација


Барак Обама и неговиот дипломатски тим ќе се соочуваат долготрајни предизвици на надворешно политички план по 20 јануари кога ново избраниот претседател ке стапи на должност. Сенаторот Хилари Клинтон која треба да биде државен секретар синоќа имаше сослушување во Комиетот за надворешни работи на Сенатот при што вети умно користење на дипломатска моќ. Оние што очекуваат големи промени можеби ке се разочараат, но сепак некои разлики во однос на Бушовата администрација се најавуваат.

Сенаторот Хилари Клинтон која треба да биде државен секретар во администрацијата на Барак Обама, синоќа во сослушувањето пред Комитатот за надворешни односи во Сенатот, кој треба да ја потврди нејзината номинација вети умно користење на дипломатската моќ. Америка не смее да крене раце од Блискиот исток. Клинтон отфрли разговори со Хамас, најави тврда политика кон Северна Кореја и борба против климатските промени. Главната разлика од претходната админситррација е користење поширок спектар на напори или умна сила како што најави Хилари Клинтон.

„Нашата историја покажува дека најефективни сме кога има хармонија меѓу нашите интереси надвор и нашите вредности дома.“

Според водечкиот аналитичар на Вашингтонскиот центар за политички истражувања Ентони Кордесман предизвиците се наѓаат на Блискиот Исток, регионот на Авганистан и Пакистан, како и Русија и Кина. Актуелните борби во Газа покажуваат дека односите меѓу Израел и Палестинците се на нај кризното ниво. Критичарите на Џорџ Буш велат дека тој не соодветно се ангажирал во проблемот кој сега му се предава на новиот претседател Барак Обама. Ентони Кордесман вели:

„Администрацијата на Обама не наследува ситуација на рапидни промени, но сепак промени и реформи се можни. Тоа е регион во кој промени можат да се случат со време. Најпрвин е потребен стабилен мир, памобезбедување економски развој, безбедност и Палестинска државност. Ќе треба да се вложат напорни години. “

Во врска со Ирак од каде треба да дојде до постепено повлекување на америакнските сили, според Кордесман главен предизвик е надминување на внатрешните поделби меѓу Сунитите, Шиитите и Курдите за што на потег е повторно американската дипломатија. Соседен Иран, според американскиот аналитичар, останува жешка тема, која нема да биде ни лесна ни брза за решавање. Бушовата администрација одбиваше формални разговори, а Обама најави дипломатски напори. Администрацијата на новиот Претседател ке треба да реши колку длабоко ке се конфонтира со Русија, а колку да биде трпелива, да преговара. Администрацијата на Обама ке се соочува со комплексен пакет односи со Кина во услови на глобална економска криза. Кина е најголем американски трговски партнер, а загриженоста се однесува пред се на човековите права. Авганистан е најавено испраќање доплнителни сили за справување со Ал Каеда и талибанците, но како што вели водечкиот аналитичар на Вашингтонскиот центар за политички истражувања Ентони Кордесман.

„Ние треба да разбереме дека кога зборуваме за војната против тероризмот фокусот не е веќе врз Авганистан, никогаш не беше Ирак – сега тоа е Пакистан.“
XS
SM
MD
LG