Достапни линкови

logo-print

Каиро: Бан Ки Мун на турнеја во рамки на дипломатските напори за прекин на огнот во Газа


Генералниот секретар на Обединетите Нации пристигна во Каиро во рамките на дипломатските напори за прекин на огнот во Газа. Бан Ки Мун ке ги посети и Јордан, Сирија и Израел но нема да оствари контакт со милитантите на Хамас кои ја контролираат Газа. Израел и Хамс минатата недела ја отфрлија резолуцијата на Обединетите Нации за прекин на огнот во Газа. Израелските сили во меѓувреме ги продолжија борбите против Хамас во Газа и ги бомбардираа позициите на јужната граница со Египет. Во досегашните борби загинале речиси илјада палестинци а 4.400 се ранети. Од изралеска страна во 19 дневните борби загинале 10 војници и 3 цивили.
XS
SM
MD
LG