Достапни линкови

Не станува збор за финални предлози, целта е да се опипа пулсот на противниците, сметаат експертите


Политичките партии започнаа да лицитираат со имињата на можни претседателски кандидати во пресрет на изборите. СДСМ вчера излезе со предлог Срѓан Керим да биде натпартиски кандидат околу кој ќе се обединат оваа, најголема опозициона партија и ВМРО ДПМНЕ. Во исто време по предлогот на СДСМ од владеачката партија во јавноста беше лиферувано името на професорот Горѓи Иванов како можен претседателски кандидат на партијата. Опипување на пулсот и на јавноста, но пред се на политичките противници, а далеку од тоа дека овие првично објавени имиња можат да се сметаат за вистинските кандидати зад кои стојат партиите, толкуваат експертите според кои ова говори дека кампањата веќе се вжештува и во неа се користат сите можни методи.

„Двата предлога и на СДСМ и на делови од ВМРО ДПМНЕ не потекнуваат од надлежни партиски тела и не е почитувана партиска процедура, туку тоа се предлози кои што се повеќе дадени во ,,од“. Според тоа повеќе сум скон кон тоа да верувам дека станува збор за ,,пробни балони“ отколку за партиска концепција и парстиски резултат на некаква претходна партиска активност на која се дошло до такви резултатите.“

Изјавува професорот Живко Андревски. И аналитичарот Васко Наумовски на мислење дека објавените имиња не се всушност финални предлози на партиите, туку се наменети за да се предизвика реакција кај опонентите:

„Објавата на СДСМ дека го предлага Срѓан Керим за заеднички кандидат, според мене имаше за цел да го дискредитира овој кандидат како можен кандидат на владеачката партија. Од друга страна итната објава на Ѓорѓи Иванов како можен кандидат на владеачката партија зборува за тоа таа по својот карактер е повеќе реакција отколку сопствена акција.“

Потенцира Наумовски. Како веќе традицонален декор на предизборниот период, зачестите и објавувањето на резултатите од анкети на јавното мислење за рејтингот на партиите. Стручната јавност објаснува дека тие неможат да се сметаат за релевантни, бидјеќи психолошкиот момент во моментот на анкетирање е пресуден кај испитаниците.

,,Мислам дека анкетираните се малку под влијание дека една партија е на власт, а друга во опозиција и тоа ги поведува во изјаснувањето.“

објаснува професор Андревски, додавајќи дека сепак анкетите им помагаат на партиите да го насочат јавното мислење кон одреден кандидат:

„Значи анкетите се облик на политичка активност за луѓето што се анкетирани и облик за тие на кои се однесуваат.“
XS
SM
MD
LG