Достапни линкови

Вашингтон: Фискалниот дефицит на САД во една четвртина поголем од ланскиот годишен дефицит


Американскиот буџетски дефицит во првото тромесечие на оваа фискална година достигнал над 485 милијарди долари, што е повеќе отколку вкупниот дефицит за целата мината фискална година, кој исто така беше рекорден. Според соопштението на американскиот Трезор, ова се должи на вонредните мерки што ги презела државата за поддршка на економијата, особено за спас на финансискиот систем. Се проценува дека буџетскиот дефицит за цела година ќе биде 1200 милијарди долари, што е 8,3 насто од бруто општествениот производ.
XS
SM
MD
LG