Достапни линкови

Власта вели дека со последните преименувања на инфраструктурни објекти немала намера да провоцира


Претходно Брисел, а последно и Меѓународната кризна група во најновиот извештај посветен на спорот со името меѓу Македонија и Атина, настрана забелешките упатени на сметка на нашиот јужен сосед да не го блокира македонското евроатлантско интегрирање, од Скопје бара да престане со провокациите. Имено ,на владата на Груевски МКГ и препишува одговорност за провоцирање во текот на напорите за изнаогање решение на спорот со преминување на бројни инфраструктурни објекти со имиња на херои од Античка Македонија. Во владата и по оваа последна сугестија и забелешка од мегународните институции, велат дека не станува збор за провокација. На прашањето одговара владиниот портпарол Шефик Дураки:

,,Ние тоа го сваќаме како изразување на идентитетот на еден народ, и како знак на изразување на државноста на Република Македонија и асполутно во ниеден случај намерата не била некого да провоцираме.“

Зошто токму во овие моменти и колку власта има вистинска намера да се изнајде решение за спророт со името, владиниот портпарол Дураки одговара:

,,Ние стоиме на нашето, ние си водиме наша политика, така што останува некој трет да оцени дали ние сме тие што провоцираат или грчката страна.“

Но наспроти уверувањата од власта, кај опозицијата загриженост. Сметаат дека со актулената политика која што за спорот со името ја води владата, таа и натаму си додава забелешки од меѓународниот фактор и станува јасно дека се нема визија и концепт за проблемот:

„И клучните амбасадори во земјата укажуваат дека практично непостојат преговори. Има преговори, ама како да ги нема.“

Вели Андреј Петров од СДСМ. Во Либерално демократската партија пак сметаат дека со таквите чекори, Македониај само ги губи аргументите кои што ги имаше на своја страна:

„Значи со преименувањето на Аеродромот, со сите скулптури ставени пред Владата станува збор за еден концепт на додворување пред граѓаните, повикување на античките корени, но јас и тогаш кажав, а денеска сум уште посигурен во тоа дека цената за тоа ја плаќаме ние самите.“

Потенцира Андреј Жерновски од ЛДП. Инаку во извештајот МКГ потенцира и дека изнаоѓање на брзо решение на спорот со името е клучно за стабилизацијата и европската интеграција на Западен Балкан. Меѓудругото од Македонија се бара да искаже јавна подготвенот да го прифати последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, ,,Република Северна Македонија“, а Грција да го прифати македонскиот идентитет и јазик.
XS
SM
MD
LG