Достапни линкови

Слаба ликвидност, најисплатливи долгорочните инвестиции


Интензитетот на трговањето на Македонската берза во текот на оваа година во голема мера ќе биде условено од случувањата на берзите во регионот и странство, тврдат брокерите и експертите. Додека брокерите посочуваат дека во 2009 најисплатливи ќе бидат долгорочните инвестиции, експертите предупредуваат на можноста за постихијно тргување годинава во споредба со лани.

Директорот на инвестицискиот фонд „Илирика“ Александар Манев вели дека можен проблем на берзата годинава би била ликвидноста

„Ќе има мала ликвидност. Пред се оние странски играчи со странски портфолија кои останаа и се уште имаат голем дел ос своите портфолија, при првите потреси, значи ќе има потреси и нагоре и надолу, ќе продаваат“

Според Манев, ниските цени на акциите можат и да најават поголеми превземања

„Ако сакам да бидам малку пооптимистичен можам да предвидам сценарио каде на овие дисконтни цени на акциите може да се случи некое превземање, меѓутоа повторно ќе напоменам дека во вакви услови многу е тешко да се најдат сериозни инвеститори“

Експертите предупредуваат на можноста за намалување на интензитетот на тргување, под влијание на странските берзи каде светската финансиска криза ги намали вредностите на акциите и покрај солидната ликвидност. Професорот по економика Ванчо Узунов вели дека на домашната берза можен е послаб интензитет на тргување со акции од минатата година.

„Не очекувам дека оваа година ќе има некој голем бум на берзата. Ќе има некое трегување. Ќе има некое тргување, зависи од тоа како ќе се чувствуваат работите, колку кризата понатаму ќе се пренесе“

Милан Димитриовски од „Мој Фонд“ вели дека во ваква ситуација најисплатливи се долгорочните инвестиции.

„Секој оној што ќе направи добра анализа на билансите на компаниите, што има подолг рок за инвестираше можеби сега е време да почне да акумулира акции“

Инаку, во изминативе неколку години на Македонската берза најактивно се тргуваше во текот на 2007 година. Во текот на 2008 индексот на десетте најликвидни компании загуби околу 73 отсто од вредноста.
XS
SM
MD
LG