Достапни линкови

Газа: Жестоки борби меѓу израелската армија и Хамас


Израелските сили и припадници на ХАМАС, како што јавуваат агенциите, изутрината воделе жестоки битки во околината на Газа. Израел ги демантира наводите на ХАМАС дека притоа биле уништени два израелски тенка. Во текот на ноќта израелската авијација извела десетина напади. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска треба да замине на Блискиот Исток за да изврши притисок за прекин на огнот. Во офанзивата на израелската армија врз Појасот Газа што почна на дваесет и седми минатиот месец досега загинале над деветстотини палестинци.
XS
SM
MD
LG