Достапни линкови

Вашингтон: Џорџ Буш побара распоредување на преостанатите 350 милијарди долари помош за економијата


Американскиот претседател Џорџ Буш во име на новоизбраниот претседател Барак Обама, побара од Конгресот распоредување на преостанатите 350 милијарди долари помош од програмата за опоравување на американската економија. Тој додава дека неговата администрација нема намера да одредува како и каде ќе бидат распоредени средствата, а Белата куќа соопшти дека парите најверојатно делумно ќе бидат искористени за помош при исплата на хипотеките како и за проширување на постоечките програми.
XS
SM
MD
LG