Достапни линкови

Брисел: Европа очекува дека утринава повторно ќе биде обновена испораката на гас


Европската Унија очекува дека утринава испораката на руски гас преку Украина за европските земји, повторно ќе биде обновена. Вчера во Брисел претставници на Европската Комисија, на Русија и на Украина потпишаа нов договор за меѓународно набљудување на рускиот гас кој транзитира низ Украина, но од него е изоставена изјавата на Киев околу спорот со Москва. Потпретседателот на Газпром Александар Медведев изјави дека доколку се се одвива без проблеми, компанијата наскоро ќе започне да ги испорачува првите количини на гас кон Европа. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо пак рече дека ,,сега кога е потпишано се што е потребно, повеќе нема причини за одложување на испораката на гас.“
XS
SM
MD
LG